НБМ ја намали каматната стапка на 6 отсто

Bez autora
May 12 2010

Ново намалување на референтната каматна стапка за 0,5 процентни поени, на шест отсто. Според гувернерот Петар Гошев и покрај тоа што добиените економски показатели давале простор за поголемо намалување на каматата, НБМ се одлучи таа да се намали само за 0,5 отсто поради постоење на одредени екстерни ризици, како што се случувањата во Грција и најавите дека кризата може да се прошири во други европски држави. Покрај тоа што владата и ММФ најавуваат дека Македонија во 2010 година ќе оствари раст од два отсто, НБМ очекува растот да изнесува еден отсто. Ризиците околу проекцијата за растот постојат во насока на остварување на помал раст од проектираниот.

НБМ ја намали каматната стапка на 6 отстоНово намалување на референтната каматна стапка за 0,5 процентни поени, на шест отсто, објави денеска Народната банка на Македонија (НБМ).

Според гувернерот Петар Гошев и покрај тоа што добиените економски показатели давале простор за поголемо намалување на каматата, НБМ се одлучи таа да се намали само за 0,5 отсто поради постоење на одредени екстерни ризици, како што се случувањата во Грција и најавите дека кризата може да се прошири во други европски држави.

Покрај тоа што владата и ММФ најавуваат дека Македонија во 2010 година ќе оствари раст од два отсто, НБМ очекува растот да изнесува еден отсто.

“Ризиците околу проекцијата за растот постојат во насока на остварување на помал раст од проектираниот“, изјави Гошев, кој сепак не ја исклучи можноста Македонија да оствари поголем раст од проектираниот.

Според проекциите на НБМ инфлацијата во 2010 година ќе изнесува од еден до 1,5 отсто, а се очекува и благ пораст на девизните резерви.

Гувернерот Гошев очекува трендот на намалување на дефицитот на тековната сметка да продолжи и до крајот на годината да се намали на 6,4 отсто од БДП.

Ваквата состојба се должи на намалување на дефицитот на трговската сметка, поради зголемениот извоз и намалениот увоз, регистрирани на почетокот на годината, како и поради значителниот пораст на приватните трансфери, истакна Гошев.

Движењата во македонската економија ќе зависат од збиднувањата во глобалната економија, која се очекува годинава да оствари раст од 4,2 отсто. Македонија може да се соочи со негативни импликации, доколку глобалниот раст биде помал.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik